Меѓународна соработка

Македонската академија на науки и уметности соработува со огромен број други aкадемии како: Словенската академија на науки и уметности, Полската академија на науки и уметности, Академија на науки на Чешката Република, Кралското научно друштво од Лондон, Хрватската академија на науки и уметности, Словачката академија на науки, Руската академија на науки, Академијата на општествени науки на Австралија, Австриската академија на науки, Српската академија на науки и уметности, Црногорската академија на науки и уметности, Британската академија на науки и уметности, Белоруската академија на науки и уметности, Националната академија на науки на Украина, Унгарската академија на науки и уметности, Естонската академија на науки и уметности, Романската академија на науки и уметности, Кинеската академија на општествени науки, Бугарската академија на науки, Албанската академија на науки и уметности, Фламанската академија на науки и уметности, Турската академија на науки и многу други.

Склучените договори за научно и академска соработка меѓу академиите воспоставуваат кооперација на ниво на заеднички истражувачки проекти, учество во научни и академски конференции и симпозиуми како и на разни уметнички настани, презентации, научни посети, како и размена на научни искуства публикации и други информации.

Македонската академија на науки и уметности соработува со европската академија на науки и уметности лоцирана во Салзбрург, е постојан член на Асоцијацијата на европски академии (ALLEA), на Меѓународната унија на академии од Брисел (UAI), на Медитеранската академија и на Меѓуакадемскиот панел за интернационални прашања (IAP), на Интернационалниот совет на научни унии (ICSU) и Научната мрежа на Централна и Источна Европа (CEEN).

Освен со академиите со кои е воспоставена договорна научна соработка, Македонската академија на науки и уметности комуницира и разменува мислења и искуства по разни прашања од заеднички интерес и со дуги странски академии и меѓународни научни организации.

 

 

Image Can not Be Displayed