• Blaze Koneski

    President 1967 - 1975

  • Mihajlo Apostolski

    1976 - 1983

  • Jordan Pop - Jordanov

    1984 - 1991

  • Ksente Bogoev

    1992 - 1999

  • Georgi Efremov

    2000 - 2001

  • Mateja Matevski

    2001 - 2003

  • Cvetan Grozdanov

    2004 – 2007

  • Georgi Stardelov

    2008 - 2011

ИЗЛОЖБА ВО МАНУ МАКЕДОНИЈА НИЗ ИСКУСТВАТА НА ЗАГРЕПСКАТА МИНЕРАЛОШКА ШКОЛА

 

ФОТОГРАФИИ ОД ОТВАРАЊЕТО НА ИЗЛОЖБАТА: МАКЕДОНИЈА НИЗ ИСКУСТВАТА НА ЗАГРЕПСКАТА МИНЕРАЛОШКА ШКОЛА

 

 

(29 септември – 30 декември 2016)

 

Под покровителство на Македонската академија на науките и уметностите, Хрватската академија на науките и уметностите и Универзитетот Гоце Делчев“ од Штип, во Македонската академија на науките и уметностите на 29 септември 2016 година е отворена изложба под наслов МАКЕДОНИЈА НИЗ ИСКУСТВАТА НА ЗАГРЕПСКАТА МИНЕРАЛОШКА ШКОЛА. Изложбата е организирана во пресрет на стогодишнината од присуството на хрватските минералози на просторите на Македонија, а по повод успешната соработка на македонските и хрватските минералози на полето на изучувањето на минералите од Македонија. На отворањето на изложбата присуствуваа видни истражувачи од областа на минералогијата и геологијата од Македонија и од Хрватска, како и голем број други посетители и вљубеници во минералите. Фотографиите на изложбата се од фотодокументацијата на Минералошко-петрографското одделение на Хрватскиот пррироднонаучен музеј. Покрај тоа што Изложбата се однесува на минералошките и геолошките истражувања во Македонија, таа има и културолошко и етнолошко значење и многу сликовито говори за социјалните, економските, етнолошките и другите околности на овие наши простори во тие дамнешни времиња.

 

Изложбената поставка во МАНУ ќе биде достапна за заинтересирните до 30 декември 2016 година.

Вести и настани

Повик за тендери
15 Фев 2017 11:08


За потребите на проектот “Иницијативи за иновативна соработка во пограничен регион”, финансиран од програмата Interreg IPA Cross-Border-Cooperation Programme 2014-2020 (IPA II), CCI 2014TC16I5CB006, Македонската академија на науките и уметностите ги распишува следните тендери: Ангажирање на фирма која ќе спроведе теренско истражу [ ... ]

повеќе...
Повик за тендер / Competitive tender
14 Фев 2017 13:22

  Експерти и консултанти за БГ-МК ПС Градење на капацитетите за конкурентност и иновации   14.02.2017

Референтен броj: CB006.1.31.158/LP-01

Македонската академија на науките и уметностите распишува тендер со референтен број CB006.1.31.158 / LP-01 за експерти и консултанти за градење на капацитети за конкурентност и и [ ... ]

повеќе...
Предавање и затворање на изложбата ЕВРОПСКИ КОНТЕКСТИ
24 Ное 2016 09:08

Во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Галеријата на Матица српска, Српската академија на науките и уметностите и Амбасадата на Република Србија во Република Македонија, во Галеријата на Македонската академија на науките и уметностите на 25 ноември 2016 (петок), во 18 ч [ ... ]

повеќе...
Поранешни статии